Invox.mk

Фактури за самовработени, фриленсери и самостојни дејности

Издадете фактура за 2 минути од телефон или компјутер - со автоматска нумерација, PDF по email и преглед кој ви должи. Без Excel, без инсталација.

Ако сте самовработени, фриленсер или водите мала фирма сами, последното што ви треба е уште една програма за учење. Invox е направен за да издадете фактура и да се вратите на работа.

Типичен месец на фриленсер - со Invox

  • Нов клиент: го внесувате еднаш (назив, адреса, ЕДБ). Следниот пат го бирате од листа.
  • Фактура: клиент, опис на услугата, часови или износ - зачувај. Бројот се предлага сам.
  • Праќање: PDF по email директно од Invox, со рок на плаќање.
  • Странски клиент: фактура во EUR или USD.
  • Крај на месец: гледате што е платено, што доцни и колку сте заработиле, а сметководителот добива извоз.

Не сте ДДВ обврзник?

Повеќето самовработени не се регистрирани за ДДВ. Во Invox едноставно не пресметувате ДДВ, а фактурата ги има сите останати задолжителни податоци. Прочитајте што мора да содржи фактурата и како се пресметува ДДВ за кога ќе дојде времето.

Зошто не Excel или Word шаблон

Шаблонот е бесплатен додека не пратите две фактури со ист број, погрешен ЕДБ или не можете да најдете фактура од пред шест месеци. Повеќе во Excel или програма за фактурирање.

Често поставувани прашања

Колку брзо можам да ја издадам првата фактура?

За неколку минути по регистрацијата: ги внесувате податоците за вашата дејност, додавате клиент и ја издавате фактурата.

Можам ли да фактурирам на странски клиенти?

Да. Фактурите може да бидат во MKD, EUR или USD, а аналитиката ги прикажува приходите по валута.

Дали можам да работам од телефон?

Да. Invox работи во прелистувач на телефон, таблет и компјутер, без инсталација.

Дали можам да издавам и профактури и понуди?

Да. Понудата со еден клик станува профактура или фактура, без препишување ставки.

Што ако престанам да го користам?

Можете да ги извезете вашите документи како PDF и XML. Претплатата е месечна, без долгорочна обврска.