Invox.mk

Понуда образец - професионална понуда за клиент за 2 минути

Понуда со ваше лого, ставки, попусти и ДДВ - пратена како PDF по email. Кога клиентот ќе прифати, станува фактура со еден клик.

Добрата понуда го скратува преговорот: клиентот веднаш гледа што добива, колку чини и до кога важи цената. Еве што треба да содржи и како да ја направите без Word шаблон.

Што треба да содржи понудата

Дел Зошто
Број и датум За да се повикате на неа во разговор и во фактурата.
Податоци за вас и клиентот Назив, адреса, ЕДБ.
Ставки Опис, количина, единечна цена - доволно јасно за да нема прашања.
Попуст По ставка или на вкупно, видливо прикажан.
ДДВ и вкупно Клиентот сака да ја знае конечната сума.
Важност „Понудата важи 15 дена“ - ве штити од промена на набавните цени.
Услови Рок на испорака, начин и рок на плаќање, аванс.

Понуда во Invox

  • Клиентите, услугите и артиклите ги бирате од листа - без препишување.
  • ДДВ, попусти и вкупниот износ се пресметуваат автоматски.
  • Понудата заминува како PDF по email.
  • Статус: пратена, прифатена, одбиена.
  • Прифатена понуда → фактура или профактура со еден клик, со истите ставки.

Види и профактура онлајн и што мора да содржи фактурата.

Често поставувани прашања

Дали понудата е обврзувачка?

Понудата е предлог на цена и услови. Колку е обврзувачка зависи од договорот и од нејзината содржина - затоа наведете важност и услови.

Може ли понудата да биде во евра?

Да. Понудите и фактурите во Invox може да бидат во MKD, EUR или USD.

Што се случува кога клиентот ќе ја прифати?

Ја означувате како прифатена и со еден клик генерирате фактура или профактура со истите ставки и цени.