Invox.mk

Профактура онлајн - од понуда до фактура без препишување

Профактура за плаќање однапред, со автоматски ДДВ и PDF по email - а кога клиентот ќе плати, станува финална фактура со еден клик.

Профактурата е барање за плаќање однапред: клиентот ја добива, ја плаќа, а вие потоа ја испорачувате стоката или услугата. Таа не е даночен документ - по прометот се издава вистинска фактура. Повеќе во разликата помеѓу профактура, авансна фактура и фактура.

Профактура во Invox

  1. Изберете клиент од листата (или внесете нов - ЕДБ и адреса се зачувуваат).
  2. Додадете ставки од вашите услуги и артикли, со попуст ако треба.
  3. ДДВ и вкупниот износ се пресметуваат сами.
  4. Пратете ја како PDF по email директно од Invox.
  5. Кога ќе стигне уплатата - „Генерирај финална фактура“: истите ставки, нов број на фактура, без препишување.

Зошто не Word шаблон

Word/Excel шаблон Invox
Рачно препишување на клиентот Клиентот се бира од листа
Рачна пресметка на ДДВ Автоматски
Профактурата и фактурата се две одделни датотеки Фактурата се генерира од профактурата
Не знаете која профактура е платена Статус по секоја профактура

Често поставувани прашања

Дали профактурата е задолжителна?

Не. Профактурата е деловна практика кога се бара плаќање однапред. Законски документ за прометот е фактурата.

Дали на профактура се пресметува ДДВ?

На профактурата се прикажува износот со ДДВ за да знае клиентот колку да плати, но таа не создава даночна обврска. Обврската ја создава авансната или финалната фактура.

Може ли понудата да стане профактура?

Да. Прифатената понуда во Invox со еден клик станува профактура, а профактурата - финална фактура.

Колку чини?

Профактурите се вклучени во сите планови заедно со фактури, понуди и авансни фактури - види цени.