Invox.mk

Софтвер за магацин и залиха - директно од фактурите

Залиха што се намалува сама кога издавате фактура. Приемници, поврати, повеќе магацини, баркод со камера и известување кога нешто снемува.

Најчестата причина залихата да „не се совпаѓа“ е двојното внесување: фактурата во една програма, залихата во друга табела. Во Invox магацинот е поврзан со фактурите - кога продавате, залихата се намалува сама.

Што опфаќа модулот Магацин и залиха

Функција Опис
Излез од фактура Пратена фактура ја резервира стоката, платена ја одзема (или веднаш, по избор).
Приемници Влез од добавувач со набавна цена, лот и рок на траење.
Поврати од фактура Вратената стока се враќа на залиха; повратот не може да ја надмине испорачаната количина.
Повеќе магацини Локации, продавници или возила, со пренос помеѓу нив.
Резервирана и слободна залиха Знаете колку навистина можете да продадете.
FIFO и просечна набавна цена Точна вредност на залихата и маржа по продажба.
Лотови и рок на траење За храна, козметика, лекови и сè што истекува.
Баркод Скенирање со камерата на телефонот и печатење етикети.
Минимална залиха Неделен email кога артикл паѓа под минимумот.
Производство Нормативи: суровини влегуваат, готов производ излегува.
Извоз Залиха и движења во Excel/CSV и PDF за инвентар.
Улоги Магационер гледа само магацин, без пристап до финансии.

За кого

  • Продавници и трговци на мало и големо што фактурираат стока.
  • Дистрибутери со повеќе магацини или возила.
  • Мали производители со нормативи и суровини.
  • Угостителство - набавки и залиха на пијалоци и намирници.

Прочитајте и евиденција на залиха за мала фирма.

Често поставувани прашања

Дали магацинот е вклучен во основниот план?

Магацин и залиха е месечен додаток на кој било план. Вклучен е еден магацин, а дополнителни локации се додаваат по потреба - види цени.

Што се случува со залихата кога фактурата е откажана?

Резервацијата или излезот се враќаат автоматски. Истото важи и кога фактурата се уредува - залихата се усогласува со новите количини.

Може ли да се продава во минус?

По избор. Стандардно Invox не дозволува излез поголем од слободната залиха, но во поставките може да дозволите негативна залиха.

Ми треба ли баркод скенер?

Не. Може да скенирате со камерата на телефонот. Ако имате USB скенер, и тој работи.

Може ли магационерот да ги гледа фактурите и цените?

Улогата магационер има пристап само до магацинот, без фактури, клиенти и финансии.