Invox.mk

Invox за сметководители - фактурите на клиентите на едно место

Престанете да собирате фактури по email и Viber. Вашите клиенти фактурираат во Invox, а вие имате пристап со улога сметководител - за сите фирми од еден профил.

Секој месец истата приказна: клиентот праќа фотографии од фактури, пола недостасуваат, а бројките не се совпаѓаат. Кога вашите клиенти фактурираат во Invox, вие ги гледате нивните документи директно.

Како работи

  1. Клиентот ве поканува во својата компанија во Invox со улога сметководител.
  2. Вие се најавувате со еден профил и се префрлате помеѓу фирмите што ве поканиле.
  3. Ги гледате фактурите, профактурите, авансните фактури, излезните трошоци со прикачени документи и аналитиката.
  4. Преземате PDF и XML, наместо да чекате да ви ги пратат.

Што добивате вие, а што клиентот

Сметководител Клиент
Сите документи на едно место, во секое време Фактура за 2 минути, без грешки во ДДВ
Помалку прашања „дали ја прати фактурата бр. 47?“ Нема собирање документи на крај од месец
Трошоците доаѓаат со категорија и прикачен документ Преглед кој му должи и колку заработил
Еден профил за повеќе фирми Пробен период без картичка

Препорачајте Invox на вашите клиенти

Ако водите биро со повеќе клиенти што сè уште фактурираат во Excel, контактирајте нè - ќе ви помогнеме со пренесување на клиентите и ќе договориме услови за бирото.

е-Фактура

Според Предлог-законот, е-Фактура на УЈП станува задолжителна во фази од 2027. Вашите клиенти ќе мора да фактурираат преку структуриран систем, а не од Word. Прочитајте што треба да знаат фирмите за е-Фактура.

Често поставувани прашања

Дали сметководителот плаќа посебна претплата?

Не. Претплатата ја плаќа фирмата-клиент, а сметководителот се поканува во нејзината компанија.

Може ли сметководителот да менува фактури?

Сметководителот има пристап до документите на фирмата што го поканила, вклучително и уредување. Сопственикот одлучува кого ќе покани и може да го отстрани пристапот во секое време.

Може ли сметководител да има пристап до повеќе фирми?

Да. Со еден профил може да бидете поканети во повеќе компании и да се префрлате помеѓу нив од менито.